речник контакт

Градоначалникот Колев до новиот командир на сообраќајната полиција Мечалов, со апел да воспостави ред во сообраќајот во Велес

Наместо улиците да бидат место за разминување, станаа место за паркирање

Петар Печков

Паркирањето по велешките улици се најде денес како  проблем и советничко прашање, на денешната седница на Советот на Општина Велес. И Ружица Николовска и Марјан Николов го  актуелизираа овој проблем.

„Не велам дека имаме идеални улици за одвивање на непречен проток,  имаме зголемен број на возила, но  имаме несовесни возачи“ – кажа Николов.

Тој побара во утринските и попладневните часови, кога во близина на училиштата, кога родителите ги оставаат или земаат децата, сообраќајот да го регулира сообраќаец.

Градоначалникот Марко Колев одговори дека за паркирањето е надлежен СВР Велес, сообраќајната полиција и тој ќе побара средба со новиот командир на оваа служба,  Трајче Мечалов.

„Му честитам на новиот началник на оваа позиција и од ова место апелирам да постави ред, во возењето, паркирањето  и сообраќајната култура во градот.  Иако дел од сопствениците имаат гаражи, тие ги паркират на отворено, на улица. Наместо улиците да бидат место за разминување, станаа место за паркирање“ – кажа градоначлникот Колев.

Изминатите години сообраќајната култура падна на ниско ниво, посебно со паркирањето, кога возачите ги оставаат автомобилите по тротоари, на улица со трепкачи  и таа состојба само се продлабочува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »