речник контакт

Градоначалникот Колев најави рушење на дивоградбите на езеро Младост

Конечно на тендер по 20 години најдена е фирма која ќе врши рушење на дивоградби

Петар Печков

На последната 38 седница на Советот, на советничките прашања, Игор Смилев, праша зошто не се санкционираат дивоградбите  на езеро Младост, кои сега се во фаза на узурпирање на државно земјиште, за да не се случи овој рекреативен центар да биде Бабуна2.

„Со решавање на проблемот со узурпирањето на јавниот простор на езеро Младост, имавме еден проблем. На јавниот повик или не се јавуваа или пак нудеа високи цени, фирмите за рушење на дивоградбите.  Кончено имаме успешен тендер, имаме фирма, со која склучивме договор по нормални цени. Затоа најавувам дека во наредниот период ќе има дислокација на објекти кои се на езеро Младост. Тие се времени а ако не ги санкционираме ќе бидат трајни. До Нова година ќе има отстранување на дивоградбите“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Општина Велес во мандатот на претходните градоначалници со децении немаше фирма која ќе врши рушење на дивоградби .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »