речник контакт

Градоначалникот на Велес се самоизолираше

Причина била што неговата сопруга била матичен доктор на двајцата заболени

Петар Печков

Градоначалникот на Велес  Аце Коцевски објави дека се самоизолира, следните две седмици и работните обврски  ги извршува од дома. 

Земен бил  брис од него и неговата сопруга, која е доктор и ги очекуваат резултатите од нивното тестирање. 

Објаснува дека неговата сопруга е матичен лекар на двајца од тројцата заразени од корона вирусот во градот.

Тие биле на преглед,  па поради ова Коцевски се решил да се самоизолира и тој и сопругата.

Освен нивните јавноста го градот ги очекува резултатите од контролата, и од другите лица кои биле во контакт со засега тројцата заболени од Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »