Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 октомври 2021
Градоначалникот на Лозово, Аце Велковски пријавил во полиција, дека во саботата попладне, бил нападнат. МВР за настанот информираше во денешниот билтен.
„На 2-ри октомври околу 17.20 часот во ОВР Свети Николе А.В., градоначалник на општина Лозово пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“ во село Каратманово, од страна на С.С.(47) од ова село. Тој во Каратманово тргнал кон него со метален предмет“ - соопштија од МВР.
Додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.
Tweet |