Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2012
Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, учи средно во Велес. Тој е запишан во неготинскиот работнички универзитет, кој ги користи услугите на велешкиот средношколски центар Коле Неделковски.
Поради ова Бајрам помладиот е на половина пат да го заврши средното образование откако положил повеќе предмети од прва и втора година. Местото каде се образува таткото на скопската општина Шутка е стручното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.
Курсот кој го посетува Елвис Бајрам е тригодишен, стручно образование за машино - бравар. Во ова училиште средното образование го дооформи и велешкиот советник Бејхан Мемедов.
Tweet |