Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 март 2013
Општина Лозово запишани 2.139 гласачи на 9 избирачки места. За градоначалник излегле 1.809 или 84,57 отсто. Неважечки има 62 ливчиња. Број на освоени гласови: Орце Цветковски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 613, Ацо Велковски коалиција СДСМ 511, независен Горанче Велков 357, независен Трајче Ѓоргиевски 142, независен Слободан Јовановски 124. Во вториот круг одат Орце Цветковски и Ацо Велковски.
За советници гласале 1.809, неважечки се 133 ливчиња. Број на освоени гласови: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 349, независна листа Антонио Анѓеловиќ 256, СДСМ и коалицијата 249, независна листа Славјан Иванов 236, независна листа Горјан Иванов 169, независна листа Ѓорѓи Атанасовски 117, Народно движење за Македонија 115, независна листа Васил Јовановски 107, ДОМ 78 гласа.
Општина Градско запишани се 3.127 гласачи на 10 избирачки места, за градоначалник излегле 2.404 или 77 отсто а неважечки се 55 ливчиња. Број на освоени гласови: Жанета Чаушевска 1.221 од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Иванов 1.089 од СДСМ, Павлина Најдова СДСП со 16 гласа и Перо Кузмановски од СДУ со 14 гласа. Според освоените гласови победи уште во првиот круг кандидатот на коалицијата За подбра Македонија Жаклина Чаушевска.
За советници излегле 2.404, неважечки 106 ливчиња. Освоени гласови: коалицијата ВМРО-ДПМНЕ 1.210 и коалиција СДСМ 1.088 гласа.
Општина Чашка запишани се 5.690 гласачи, за градоначалник излегле 3,730 или 70 отсто. Ова се обработени резултати од 27 избирачки места од 29 колку што ги има во општината. Има 76 неважечки ливчиња. Број на освоени гласови: Горанчо Пановски од ВМРО-ДПМНЕ 2.272, независен Дејан Андоновски 1.029, марина Андова од СДСМ 342 и Сања Димовска од СДУ со 11 освоени гласа. Победник уште во првиот круг е кандидатот на коалицијата за Подобра Македонија Горанчо Пановски.
За советници излегле 3.730 или 70 отсто од обработени 27 ИМ од 29, неважечки ливчиња 171. Број на освоени гласови: коалиција ВМРО-ДПМНЕ 871, ДУИ 813, независна листа Каме Мирчевски 603, СДСМ 421, ДПА 374, ДОМ 192, НДП 155, Народно движење за Македонија 130.
Податоците се според Државната Изборна комисија
Tweet |