Петар Печков
Објавено: среда, 03 мај 2023
На јавниот повик за закуп на градскиот базен се јавил еден заинтересиран и тој го добил да го работи објектот. На поставеното прашање од ТрМр, од локалната власт одговорија:
„Новиот концесионер на Градски базен е Стојанче Илиевски од село Долно Караслари. Според Договорот за закуп закупопримачот се обврзува на закуподавачот да му плаќа месечна закупнина во износ од 60.300 денари, која е утврдена и постигната со јавно електронско наддавање“.
Новина е што градскиот базен се издаде на 10 години, поради можноста закупецот да може да вложи посериозни средства во неговото одржување, кои може да се вратат со работа на подолг временски период.
Лицето кое го доби јавниот повик Стојанче Илиевски работи во Италија. Тој веќе го добил на владение објектот и извесен период работи на негово оспособување за почеток на летната сезона за капење.
Сумата од 60,3 илјади денари е за трите летни месеци јули, август и септември додека за останатите е фиксна три илјади денари месечно.
Tweet |