Петар Печков
Објавено: четврток, 30 април 2020
ОД ЈКП Дервен информираа дека сите три денови од продолжениот првомајски викенд, Градскиот пазар ќе биде отворен и ќе работи.
Работното време на 1-ви, 2-ри и 3-ти мај е од 6 до 12 часот.
При влегувањето во пазарот од ЈКП Дервен потсетуваат дека и натаму во сила се мерките пропишани до Владата, задолжително носење на заштитна маска и групирање не повеќе од две лица и држење на растојание.
Tweet |