речник контакт

Градскиот стадион, подновен со вештачка трева

На него може да се играат меѓународни натпревари до полуфинале од Лига на шампиони, поради високиот квалитет на вештачката трева

Петар Печков

Градскиот стадион во Велес доби нова вештачка тревна подлога. Ова е инвестиција на Фудбалската Федерација во Македонија и Европската федерација. На овој начин решен е проблемот со подлогата.

На овој чин присуствуваше и премиерот Никола Груевски, кој рече дека на ваква високо квалитетна подлога може да се играат натпревари до полуфинале на Лига на шампиони, но и побара од локалната власт да го среди стадионот.

Со ваков терен, не одат вакви трибини. Треба бргу да се среди ова – рече Груевски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »