речник контакт

Грандиозен споменик посветен на велешките великани

„Решивме достојната почит на најсветлите претставници на македонскиот револуционерен дух и авангарда да ја слееме во...

Аница Солева

„Решивме достојната почит на најсветлите претставници на македонскиот револуционерен дух и авангарда да ја слееме во една единственост, во една целина што ќе го поврзе погледот со вековите и во еден миг ќе ја отвори пред нас целата вистина за еден народ, за еден сон, за аманетот како судбина. Ретка е можноста кога можеме да патуваме со погледот во вистинска смисла на зборот, кога можеме да откриваме кои сме и од каде сме и какви завештанија ни оставија најсветлите меѓу нас Македонците. Оваа трајна постановка на портрети е токму таква можност, да се биде тука во сегашноста, да се ѕирне во минатото и да се насети ликот на иднината. Зошто таа во себе крие 17 споменици и реки од време и стремежи. Слава им на сите велешани, најголемите, кои во името на Македонија се бореа, твореа и создаваа за нас.Нека им се вечни ликовите како што духот им е вечен, како што им се цврсти темелите на непокорот за Македонија“. Со овие зборови градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски ја отвори трајната постановка на портрети на знаменити велешани со која Општина Велес им оддава достојна почит на најголемите револуционери, преродбеници, мислители и културни дејци од Велес и Велешко што дадоа огромен придонес за македонската историја и култура. Трајната постановка на портрети опфаќа вкупно 17 дела на кои покрај групниот портрет на Гемиџиите што на Општина Велес и го подари уметникот Светозар Богдановски, се наоѓаат портретите на Миле Поп Јорданов, велешките војводи Јован Наумов Алабакот, Андреја Димов Докурчев и Тодор Христов Офицерчето, Димитрија Андонов Папрадишки, Андреја Дамјанов, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов, Димитрија Чуповски, Петар Поп Арсов ,Панко Брашнар, Кочо Рацин, Академик Ѓорги и Петре Прличко. Портретите се дела на велешките уметници Лазар Ангелов, Анета Бајдевска, Светозар Богдановски, Дејан Делов, Војко Јаневски, Александар Јовановски, Трајче Јовановски, Ангел Коруновски, Спасе Перовски, Александар Попов Сашко, Живко Пренџов, Велче Свеќаров, Борче Стојанов, Илија Стојановски, д-р Фехим Хусковиќ и Крсте Шупев. По повод промоцијата на трајната постановка на портрети Живко Пренџов, претседател на Друштвото на ликовни уметници на Велес изрази задоволство од можноста велешките уметници да творат за својот град и да ги овековечат најзнаменитите личности на Велес и Република Македонија. Трајната постановка на портрети на знаменити велешани беше создадена со одлука на Советот на Општина Велес. Делата постојано ќе бидат изложени во холот на Општина Велес. Извор: [url=veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=200&Itemid=19]veles.gov.mk[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »