речник контакт

Граѓаните не знаат каде да реагираат, ако поштенската пратка не биде испорачана, доцни или се загуби

Од пролетва, освен Македонки пошти пратките на Али експрес ги дистрибуираат и два приватни оператори, што ги изненадува нарачателите, корисници

Петар Печков

Граѓаните имаат порачки на  пратки он лајн,  најчесто  од Али експрес. Тие завршуваат на домашната адреса, но има примери  да доцнат или  понекогаш да не пристигнат. За граѓаните да не бидат оштетени, треба да ги знаат своите права и начини како да се заштитат.

„Актуелни се нарачките од Али експрес, кои  доаѓаа преку Македонски пошти до граѓаните.  Од пролетва има можност странските пратки  да се доставуваат од приватни оператори. Граѓаните се изненадени бидејќи до сега само  Македонска пошта ги носеше, а од пролетта имаат можност  странските пратки да ги носат  уште два оператори“ – кажа  Олга Манчевска раководител на директорат за регулатива, лиценцирање и правни работи.

Како проблеми кај корисниците се јавуваат доцнењето на пратките, оштетување на истите, но  од Агенцијата велат тие не бил во голем број. Во ваков случај граѓаните треба да знаат како да реагираат, до кого и каде   да поднесат рекламација и на која адреса да биде лоцирана. Во овој поглед потребна е поголема едукација, велат од Агенцијата за пошти.

„Се додека немаат некаков проблем, граѓаните не се запознаени со своите права, но кога ќе има потреба се интересираат. Сметаме дека сѐ уште треба граѓаните да се едуцираат за тоа, како да ги искористат своите права како корисници на поштенски услуги, како да поднесат рекламација“ – вели Ана  Ковачевска, раководител на Директоратот за заштита на правата на корисниците.

„Во случај кога се повредени правата на граѓаните за поштенските услуги, преставки може да се поднесат и до Народниот правобранител. Но праксата покажува дека изминатата година не пристигнала ниту една преставка.
Со оглед на тоа дека изминатата и оваа година, немаше примено ниту една, сметам дека граѓаните не се до запознаени дека може да се заштитат и да го користат овој механизам и пред Народниот правобранител“ – вели Емилија  Андонова советник на Народен правобранител.

Во Велес денес, среда престојуваше  есенскиот караван „Агенцијата за пошти, поблиску до корисниците на поштенски услуги“. Целта на кампањата е да се подигне јавната свест за начинот на користење на правата на корисниците на поштенските услуги. Трибината се одржа во Европската куќа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »