речник контакт

Граѓаните поредовни плаќачи на данокот отколку фирмите

Рок за плаќање на општинските даноци е до 15-ти ноември годинава

Петар Печков

За  првата половина од годинава граѓаните се подобри плаќачи на данокот, отколку фирмите од градот. Ова го покажуваат бројките од кварталниот  извештај на Општина Велес,  за првото полугодие годинава.  

Така за данок на имот во Општинската каса се уплатени 50 отсто од  предвидените, додека од правните лица таа сума е далеку  помала, само една четвртина. Тие  не биле финансиски  така дисциплинирани и  за фирмарина, па секоја четврта ја платила, останатите не.  

Помалку  од една четвртина е приливот за Данок на имот и наследство и за Данок од недвижности. Токму поради ова Општина Велес ги потсетува  даночни обврзници, по основ данок  на имот и сите правни  лица и трговци и поединци, обврзници по основ на комунална такса за назив на фирма и данок на имот, дека од страна на  даночната администрација од Општина Велес, се  доставени  решенијата за данок на имот и комунална такса за 2016-та година.  

Општина Велес апелира до сите граѓани, даночно обврзници да ги подмират своите  обврски по основ на данок, комунална такса и со тоа да придонесат за развојот на Велес.  Исполнете ја својата граѓанска  обврска, подмирете го данокот на имот. Со Вашата совесност придонесувате за  изградба и нова инфраструктура и поубав Велес – велат од локалната власт.

Рок за извршување на обврската   и подмирување на даноците согласно Законот за даноци  на имот е 15-ти ноември 2016 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »