Петар Печков
Објавено: среда, 06 јули 2022
Комисијата за заразни болести информира дека од денес може да се прими четврта доза вакцината против ковид-19. Оваа одлука е во согласност заклучоците од Националната комисија за имунизација.
„Четвртата доза е достапна за сите лица над 18 години кои досега примиле три дози, а закажување на вакциналните пунктови не е потребно. Вакцинацијата со четврта доза се одвива со вакцината на „Фајзер“ а препорачаното растојание од третата доза е изминати најмалку четири месеци“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор за вакциналниот пункт против ковид-19 во Велес.
Тој се наоѓа во просториите на Здравен дом- Уред и работното вpеме е од 8 до 13часот.
Покрај сите лица над 60 години, четврта доза особено се препорачува за хронично болните, пациенти на дијализа, лица со трансплантација, онколошки и имунокомпромитирани пациенти и за оние кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација.
Tweet |