Петар Печков
Објавено: четврток, 13 мај 2010
Откако ТРМР го актуелизираше проблемот, надлежните од Општина Велес започнале да бараат решение, како овој рекреативен и културен простор биде достапен на сите граѓани.
Со полно право се овие реакции, бидејќи голем дел од манифестациите се одржуваат во Младински парк. Таа категорија луѓе на кои им е потребна пристапна рампа не може да чекаат и ве уверувам дека во најкраток рок тоа ќе се реши. Само да се најде техничко решение каде тоа да се постави. Општината ќе го реши овој проблем, на задоволство на лицата посебни потреби и мајките со мали деца и колички.
Потребни се пристапни рампи за овие граѓани. Работиме на обезбедување техничко решение кое ќе биде во согласност со законските прописи. Тоа ќе биде адекватно на потребите и барем од едно место да се обезбеди пристап до Младинскиот парк – изјави Горан Петров градоначалник на Велес.
Лицата со посебни потреби пак очекуваат дека тоа временски ќе биде пред почетокот на бројните манифестации кои секое лето се одржуваат во Младинскиот парк, кое во овој период од годината е центарот на живеењето на Велес.
Tweet |