речник контакт

Гром удри во стадо близу врвот Солунска глава и усмрти 95 овци

Во делот каде громот удрил не бил овчарот и поголемиот дел од стадото, кое броело околу 1.200 овци

Петар Печков

Невремето кое во средата попладне  зафати делови од поширокиот реон на велешко, на планината Јакупица усмрти дел од стадо на сточар од Горно Јаболчиште.  Гром удрило во стадото кое било во близина на врвот Солунска глава. Во делот каде громот  удрил не бил овчарот и поголемиот дел од стадото, кое броело околу 1.200 овци. Од велешката полиција со потврда за инцидентот.

„На 2 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 19:30 часот на планината Јакупица на околу 500 метри под врв „Солунска Глава“, од удар од гром угинале 95 овци сопственост на Т.У.(37 год) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка“ – соопшти портпаролката на СВР Велес Ана Милевска Ѓеоргиева. 

Сопственикот  за случајот го  известил   инспекторот од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). 

Увид на местото  близу Солунска глава на 2.500 м. н. в.  извршила увидна екипа од СВР Велес и инспектор од АХВ.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »