Петар Печков
Објавено: среда, 28 јуни 2023
Со групна изложба на осум автори од помладата генерација, сите од Вардарскиот регион, беше отворена Европската куќа во Велес. Тие се претставија со дела изработени во различни техники.
Новиот простор беше отворен со првиот културен настан, изложба. Изложбата и просторот ги отвори евро амбасадорот Дејвид Гир, посакувајќи младите да имаат уште многу други културни настани.
„Овој просторот постои за вас. Ова е ваш дом, ова е ваша иднина“ - кажа Гир.
Меѓу авторите кои излагаат е и Драган Таневски од населба Чашка, кој е дипломиран графичар.
„Потребни ни се различни простори, каде ќе можеме нашите дела да ги проследиме на публиката. Се претставувам со платно, кое е работено во различна техника, мултимедијално дело, кое ја обработува темата на емоцијата, суштината на животот“ - кажа Таневски.
Со делото Невестино, невистина, се претстави Симона Манчева од Кавадарци.
„Просторот е нов и променлив, што е добро. Потребни ни се места за изложување“ - рече Симона Манчева од Кавадарци.
Со инсталација се претстави Елена Димова Пантелиќ.
„Просторот е доволно адекватен за да ги задоволи потребите на младите креативци“- кажа Димова Пантелиќ.
Tweet |