Петар Печков
Објавено: среда, 14 август 2019
Вторникот попладне, во село Мелница се случила групна тепачка, во која учествувале шест лица. Повредено е едно, со лопата по глава и пренесено во велешка болница.
На 13 август околу 19.15 часот во село Мелница – општина Чашка, по претходна караница помеѓу Р.Р.(46) и Ш.М.(28) двајцата од селото, настанала физичка пресметка меѓу две групи од по три лица, при што со повреди се здобил Ш. М. кој бил пренесен во болницата во Велес за укажување на помош- информираа од СВР Велес.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Tweet |