Петар Печков
Објавено: среда, 15 мај 2024
Ноќеска, или рано утрово, во казино близу Амфитеатарот од Младинскиот парк, се случила групна тепачка со учество на повеќе лица. СВР Велес со деталите од настанот.
„На 15 мај во 03.40 часот во СВР Велес било пријавено дека во казино во Велес, неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што бил употребен и спреј –солзавец“- соопшти Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Полицијата работи на расчистување на случајот, да се утврдат мотивите и причините за групната тепачка, во која никој не побарал здравствена помош од лекарска екипиа.
Tweet |