речник контакт

Грција и Турција се расправаат за потеклото на симитот

Во најновата последна расправија, Турција и Грција тврдат дека од кај нив потекнува симитот, велешки ѓеврек

Петар Печков

Како потег што Грците тешко можат да го проголтаат, Истанбулската комора на продавачи на симит овој месец поднесе петиција до истанбулскиот Сојуз на занаетчии и занаетчиски комори (ИСТЕСОБ), барајќи од комората да преземе чекори за заштита на симитот -- вид печиво прекриено со печен сусам -- преку национален и меѓународен патент, анулирајќи го секое грчко тврдење за потеклото.

Симитот е едно од најкористените јадења во Турција, кое се служи за појадок и ручек. Продавачите на симит може да се најдат скоро на секој агол во секој град.

„Симитот е како симбол на Истанбул. Тој е нераскинлив дел од турската култура и наша број еден храна како за богатите, така и за сиромашните граѓани. Како продавач на симит, јас лично ќе бидам многу засрамен ако му се случи истата судбина како на нашите други традиционални вкусови, кои се присвоени од странци“, рече за SETimes Осман Јилдирим, 32-годишен продавач на симити во областа Сариер во Истанбул.

Ова не е првпат двете соседни земји да се соочат со културно недоразбирање. Традиционалните десерти, како што се баклавa и локум, како и ликовите на театарот на сенки Хаџиват и Караѓоз, беа предмет на слични конфликти во минатото.

Турскиот институт за патенти во јануари објави дека се подготвува да ги поддржи трговските комори и невладините организации што бараат регистрирање на своите локални производи, според новинската агенција Анадолу.

Дебатата за симитот почна кога грчкиот дневен весник Елефтерос типос резервираше една страница за потеклото на симитот, тврдејќи дека „симитот е познат од пред Исус Христос и бил популарно јадење како во Истанбул, така и во Солун, во византиско време“.

Претседателот на Истанбулската комора на продавачи на симит, Сами Оздемир, изјави за SETimes дека симитот е дел од турската култура.

„Постои голема разлика меѓу нашиот симит и оној што се продава во Грција под името кулури“, објасни тој. „Начинот на подготвување, изгледот и квалитетот на сусамот се сосема различни.“

Според Оздемир, нормално е дека грчката и турската храна делат сличности, како резултат на длабоките корени што ги поврзуваат двете земји од отоманските времиња.

„Гордо можеме да им ги дадеме на релевантните власти сите наши историски и технички документи за да го следат наназад потеклото ... во нашите отомански корени, кои датираат околу 1500-те години“, додаде тој. Но, еден интервјуиран Грк на улица, не мисли дека е од истата линија.

„Не верувам дека кулури му припаѓа некому“, рече за SETimes 60-годишниот продавач на централниот плоштад Омонија, кој се претстави само како Јорго.

„Тоа е основен производ. Продавам кулури целиот живот. Сите доаѓаат кај мене и ми бараат кулури Тесалоникис - така го знаат. Ако беше турски, немаше ли да го викаа поинаку, како што ние велиме турско кафе?“, додаде тој. Елизабет Кукумерија, генерален-секретар во солунското Здружение на пекари, се согласува.


„Сите може да тврдат дека го направиле првиот кулури, но историски е документирано дека истиот датира од Византија и дека бил нарекуван коликион“, рече таа за SETimes.

„Неодамна имав група Италијанци кои ја посетија нашата пекарница и сите побараа кулури Tесалоникис. Сите го знаат како таков. Никогаш не сме користеле никакви промотивни кампањи во таа насока“, објасни таа.

„Сите имаме тенденција да ги именуваме работите. Но, традициите се многу посилни од какви било закони, забрани или имиња. Навистина верувам дека повеќе се работи за бомбастични изјави со цел да се направи некаква маркетиншка реклама“, рече Кукумерија.

 текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »