Петар Печков
Објавено: четврток, 03 октомври 2013
Претпладнево во 9 часot на делницата од автопатот А-1- Велес- Градско на 2,8км. пред наплатната станица се случиla сообраќајна несреќа.
При ова патничкиот автомобил марка БМВ со германски регистарски ознаки управуван од 58-годишен грчки државјанин изгубил контрола и излетал надвор од коловозот на земјена површина по што неколку пати се превртел и удрил во металната еластична ограда.
Возачот и двајцата сопатници- исто така грчки државјани се здобиле со телесни повреди и истите се пренесени во Медицински центар Велес заради укажување лекарска помош. Од Болница информираа дека двајцата патници биле полесно повредени и се пуштени дома, додека третиот воопшто и не бил донесен кај нив на интервенција поради тоа што не бил повреден.
По целосно документирање на настанот, возачот по итна постапка ќе биде изведен пред Основен суд Велес.
Tweet |