Петар Печков
Објавено: сабота, 15 август 2026
Македонскиот репрезентативец, велешанецот Благој Гугинов (17 год) го освои 9-тото место на Европското првенство во кајак спринт на диви води во јуниорска конкуренција.
Тој претпладнево, сабота, веслаше финале, каде меѓу 15 учесници се пласираше како деветти, со заостанување од 4,44 секунди заостаток зад европскиот првак Елуан Ноге од Франција.
Гугинов вчера во квалификациите успеа меѓу 39 учесници да извесла пласман во 15-те, кое значеше финале.
Европското првенство за јуниори и до 23 години, кајак спринт на диви води се одржа во Шкотска на патеката Грандтули.
Фото Pascal Vleugels
| Tweet |




