речник контакт

Г.С ( 21 год) од Отовица е разбојникот кој се обиде да ограби златара

Полицијата дополнително ќе одлучи како ќе го гони осомничениот

Петар Печков

Дваесет и едногодишен жител на селото  Отовица е сторителот на вчерашниот обид за разбојништво во златара во центарот на Велес Полицијата информира дека тоа е Г.С. кој бил фатен откако избегал од продавницата. Фатен бил од страна на полицијата во Градскиот парк.

 Дополнително ќе се одлучат како ќе го осомничат момчето, по расчистување и документирање на целиот случај.  Претходно  Г.С околу 11,00 часот на ул.„8-ми Септември“, во близина на Поштата, во златара „Голд-Принцес“, тој влегол внатре и со закана со нож и маскиран со шалче преку главата, од вработениот го побарал целото злато, по што вработениот наместо златото од под бирото извадил спреј-солзавец и го испрскал лицето во очите. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »