речник контакт

ДИК - во Лозово втор круг, во Чашка и Градско избрани градоначалници

Во Советите, Чашка апсолутно мнозинство за ДУИ, во Градско за ВМРО-ДПМНЕ а во Лозово многу кандидати од различни партии и независни листи

Петар Печков

Во Општина Лозово ќе има втор круг за избор на градоначалник. Таму се кандидатите на СДСМ Ацо Велковски и на ВМРО-ДПМНЕ Бошко Цветковски.  Тие на вчерашните локални избори освоија Велковски 46,07% а Цветковски 40,55% од гласовите. Излезеноста во Општината беше 74,17%. 

Советот на Општина Лозово брои девет членови мнозинство има коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со три советника,  два има СДСМ, по еден Левица, ЗНАМ, ДПТМ  и листата на Сузана Јованова Илиевска.  

ТрМр веќе објави а ДИК потврди, дека градоначалник на Општина Чашка е Суат Шаќиров кандидат на ДУИ. Тој според ДИК доби 50,71% од излезените гласачи, а другите двајца кандидати Горан Стојановски од СДСМ има 24,24% а Дејан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ  23,45%.  Излезеноста во Општина Чашка беше 74,56%. 
 
Во Советот, кој брои 11 члена, апсолутно мнозинство има ДУИ со шест советници а ВМРО-ДПМНЕ има три, СДСМ има два. 

И во Општина Градско, по првиот круг е избран градоначалник. Тоа е старо-новиот, Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ со втор мандат. Тој имаше 72% освоени гласа. Излезеноста беше 57,21%. 

Апсолутно мнозинство во Советот на Општина Градско за ВМРО-ДПМНЕ со седум советници а СДСМ има два. 

Податоците се според ДИК, официјални но не и конечни. Учесниците имаа право на жалба. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »