речник контакт

Даниел Јаневски е новиот претседател на Советот на Општина Велес

Како кандидати за претседател по оставката на Љутков, беа три советника, Јаневски, Јаковлев и Урумова

Петар Печков

Даниeл Јаневски е новиот претседавач на Советот на Општина Велес. Тој доаѓа на оваа позиција, откако претпладнево на 51 седница, досегашниот претседател актерот Зоран Љутов од лични и идни причини се повлече. По ова седницата ја водеше највозрасниот советник адвокатот Коста Нојков.

Јаневски беше на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2021 година. Тој беше кандидат за претседател на Советот, предложен од Елизабета Митревска, Димитар Абрашев ја предложи Маргица Урумова а Пандорка Прличкова го предложи Тодор Јаковлев. По гласањето 12 гласа, потребното мнозинство го доби Јаневски, Јаковлев седум а Урумова три.

„Благодарност што ми ја дадовте довербата за оваа позиција. Честа е голема а уште поголема е  одговорноста што ја носи функцијата. Ќе работам непристрасно и согласно законските акти на Законот за локална самоуправа, Деловникот, Статутот.  Искрено посакувам и ќе се заложувам при работата сите ние, да користиме што помалку политика а да бидеме насочени на решавање на реалните проблеми и подобрување на условите за живот на граѓаните. Сорабнотката со градоначалникот ќе биде на високо ниво, затоа што имаме заадничка цел и обврска, да спроведувме одговорни политики, транспарентност во интерес на граѓаните на Општина Велес“ – кажа Јаневски.

Тој е дипломиран економист при УКИМ Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »