речник контакт

Да го градиме Велес во кој луѓето ќе бидат среќни, порача градоначалникот Колев на одбележувањето на 82 години од ослободувањето

Бea врачени признанијата за животно дело Гемиџии, спомен плакета, пофалница и благодарница и за најстудент

Петар Печков

Со свечена седница Општина Велес ја одбележа 82 годишнината од ослободувањето на градот. Градоначалникот Марко Колев, во неговото шесто обраќање за овој ден, освен што го честиташе денот на граѓаните, кажа кој се приоритетите во  изградбата на Велес.

„Со почит и благодарност се сеќаваме на сите  кои со својата храброст и пожртвуваност ни ја подарија слободата и не обврзаа да го градиме Велес во кој ќе живеат генерациите кои доаѓаат. Изминавме години откако сум градоначалник полни со предизвици. Довербата за мене е чест и одговорност и најголем мотив да продолжиме за Велес како што го посакуваме, модерен, уреден, развиен, пред се град во кој луѓето се среќни. Пред нас се многу планови  и проекти со кои ќе го подбриме секојдневието  и ќе создадеме нови можности за развој. Продолжуваме со изградбата на подземната катна гаража и плоштадот, нов лик ќе добие и кејот  на реката Вардар, спортската сала Гемиџии ќе добие поголема функционалност. Велес не го прават само улиците и инфраструткурата, туку и  луѓето. Затоа сме насочени кон сите, од најмладите, до повозрасните и лицата со попреченост. Продолжуваме да создаваме почист, позелен град. Културата ќе биде и натаму нешто што не собира, не поврзува. Не секогаш размислуваме исто, имаме различни погледи и идеи, но сите не поврзува исто љубовта кон Велес. Да го градиме Велес со дела  и со срце“ – порача Колев. 

Во продолжение од свеченоста, беа врачени општинските награди. За животно дело наградата „Гемиџии“ ја доби урологот д-р Горан Јовиќ.

Спомен плакети добија д-р  Ниметула Лимани и посмртно Зоран Љутков еден од сопствениците на „Пододекор“ и хирургот д-р  Ванчо Граматов.

Благодарница добија „Ресторан Снупи“,  кајакарот Благој Гугинов, граѓанска активност на пожарникарот Александар Јолдашев, македонистката Снежана Петрова Џамбазова,  ОУ Блаже Конески и средното „Димитрија Чуповски“, атлетичарот Трајче Илиевски, на Александар Гулески за искачувањето на Монт Блан и детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“.

Пофалница добија  Коста Тахов и Блаже Миров кои на велосипед минаа 2.700 км за 27 дена, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, поранешната фудбалерка Валерија Ваљак Неделковски, ЗГ „Акцијаш ветерани“ и коњаникот Спасе Дуковски . 

Награда за нај студент доби Ермира Хусовиќ, студентка на Универзитетот Ричмонд од САД.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »