речник контакт

Да спортуваме сите

Велешани од 7 до 77 години години спортуваа а се собираа и пари за децата од социјално ранливите семејства

Петар Печков

Велешани во голем број се одѕваа на манифестацијата,, Сите да спортуваме,, која се одржа во саботата претпладне во Градскиот парк, новото помошно игралиште и ракометното. 

На не учествуваа  неколку стотина деца и во помал број нивни татковци и дедовци. Тие се натпреваруваа во фудбал, кошарка, тенис, тегнење јаже, шах, табла, пикадо, гимнастика....

Манифестацијата имаше хуманитарен карактер, бидејќи учесниците како и посетителите со купување на купон во вредност од 20 денари ги помагаа децата од социјално ранливите семејства.

Интересни резултати постигна десет годишниот Пепи Игнов од ОУ  Св. Кирил Методиј кој победи во пикадо. Во шах македонскиот репрезентативец, велемајсторот Трајче Недев играше симултанка со 14 велешани и двајца од нив успеаја да ремизираат Мартина Мартинова и Славе Велков.

Организатори на манифестацијата ,,Сите да спортуваме ,, беа Сојузот на спортови на Велес, Црвениот крст од Велес и општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »