речник контакт

Дваесет и девет здравствени работници во велешко се позитивни на ковид-19, 16 ученика и 16 просветни работници

Позитивни случаи регистрирани се и во СВР Вeлес, локалната власт, ЈКП Дервен...

Петар Печков

На денешната прес конференција, по одржаната седница на Општинскиот кризен штаб, беа презентирани бројките на позитивни во јавните и здравствените служби во градот. До вчера во велешко имаше 761 активен случај на лица со корона вирус. 

Градоначалникот Коцевски соопшти дека  вкупно 29  здравствени работници се позитивни на ковид -19, 18 се од Болницата, шест од Центарот за јавно здравје, три од Здравен дом и двајца матични доктори. Бројката на ученици кои се позитивни на ковид-19 во велешко е 16 деца како и  исто толку наставници, како и по еден воспитувач од градинките и од Средноишколскиот Интернат.Три од децата се од основните  и 13 од средните училишта, 11 наставника се од основните и пет професори во средните училишта.

Во СВР Велес има четири позитивни случаа, во ЈКП Дервен 12, во службите на Општина Велес три, во Народниот музеј едно лице. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »