Петар Печков
Објавено: четврток, 10 октомври 2019
Вторникот на сообраќајниците во Велес била спроведена сообраќајна контрола, дали и колку се исправни автобусите и комбињата, кои превезуваат патници. Контролата траела пет часови.
На 8 октомври во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле регистрирани 14 прекршоци, од кои 12 во Велес и два во Кавадарци- соопшти Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.
За сите прекршоци сообраќајната полиција изрекла соодветни казни на возачите. Истовремено вакви акции биле изведени и во Струмица каде имало констатирано четири прекршока, во Тетово 16, во Гостивар 21, во Штип девет.
Tweet |