Петар Печков
Објавено: вторник, 01 април 2014
Велешани повеќе сакаат да одат пред Комисија за прекршоци отколку да ја платата глобата по Законот за јавна чистота. Ова го покажуваат бројките од годишниот извештај за работа на полициската станица Велес.
Минатата година регистрирани се помалку прекршоци во однос на 2012-та или имало двојно помалку, 215 споредбено со 518. Од констатираниве прекршоци 33 граѓани одлучиле да работат општо корисна работа во ЈКП Дервен додека само 2 ја платиле глобата. Во 2012 година тој сооднос бил 141 работеле општо корисна работа а 11 ја платиле глобата.
Останати лица кои предизвикале прекршок по Законот за јавен ред се предадени до Комисијата за прекршоци при Министерството за транспорт и врски со барања за поведување на прекршочна постапка .
Најчести прекршоци кои велешани ги направила лани полициските службеници ги регистрирале се фрлање отпушок од цигара, плукање и фрлање отпадоци на јавни површини, семки, хартија.
Tweet |