Петар Печков
Објавено: среда, 28 октомври 2026
Синоќа, пред полноќ се случила сообраќајна незгода, откако автомобил излетал од регионалниот пат кон Башино Село, во месноста Шорка. Деталите за сообраќајкaта и повредените, од велешката полиција и велешка болница.
„На 27.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 23:40 часот на улица „Вардарска“ во Велес, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.Т.(27 год) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво“ – информира Ана Милевскa Ѓеoргиева портпарол нa СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Д.П.(27 год) од Велес, констатирани во Општа болница Велес.
„И дваете лица се со тешки телесни повреди, констатирани по изврешните преглeди. Б.Т има скршеница на десниот скочен зглоб на ногата и е задржан на одделение за оперативен третман а Д.П. се здобил со скршеница на десната надлактица и поради карактерот на повредата е упатен на клиниката за трауматологија за понатамошен третман“ – соопшшти д-р Анамарија Џунџева портпарол нa ЈЗУ Општа болница Велес.
| Tweet |




