Петар Печков
Објавено: четврток, 31 октомври 2024
Двете лица, патници кои беа тешко повредени и во животно загрозувачка состојба, се надвор од животна опасност. Станува збор за вработени од Велес, кои по завршувањето на работното време се враќале дома и беа тешко повредени по излетувањето на комбито, од автопатот Скопје – Велес кај тунел Катланово. Останатите тројца кои имаa тешки телесени повреди се во добра здравствена состојба.
„Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија. Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани“ – информираа од ТОАРИЛУЦ.
Уште еден пациент беше повреден а хоспитализран во Градската болница Св. Наум Охридски, на 42 годишна возраст. Кај него докторите констатирале изместување на колк и тој беше надвор од животна опасност.
Во сообраќајна несреќа која се случи на 16 октомври во 17,45ч. животот го загубија три лица, сопатниците А.Н.(37 год), Ј.А.(47 год) и Д.Ц.(66 год), сите од Велес. Со тешки телесни повреди се здобија возачот О.Д.(32 год) и сопатниците З.С.(59 год), В.З.(67 год), Н.Н.(33 год) и Б.П.(42 год), сите од Велес.
Лицата кои беа повредени се превезувале секојдневно на релација Велес- Скопје и обратно, со две возила сопственост на фирмата која била правно лице од скопско Лисиче. Ги управувале некој од вработените. Тие работеле како заварувачи и бравари.
Tweet |