Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јуни 2015
На Првите Европски спортски игри, кои се одржуваат во Баку, Азербејџан се и двајца велешани.Кристијан Ефремов и Јованче Јанковски се дел од македонската селекција која бори 45 спортисти.
Кристијан Ефремов ќе настапи на трката на 400 метри, како и на штафетите 4х100м. и 4х400м.Тој беше учесник на Олимпијадата во Лондон 2014 и Медитеранските игри во Мерсин Турција, како и на Светското првенство во сала во Истанбул и Европското првенсто во Хелсинки. Тој најавува дека е во добра форма и дека ќе го истрча најдоброто негово време годинава токму во Баку.
Вториот велешанец кој ќе учествува во Баку е Јованче Јанковски во скок во височина. Тој вели декa е подготвен и очекува добар пласман, меѓу 8-те најдобри, бидејќи е во добра форма. Негов најдобар резулат годинaва sе прескокнати 203 цм. Има учествувано на 15 Балкански и на 8 Европски првенства.
Двајцата атлетичари, кои се на иста возраст од 25 год, македонски репрезентавци се дел до 30 члената селекција, која за Баку тргнува на 16 јуни а натпреварите се на 22 и 23 јуни.
ТРМР им посакува добар резултат и очекува добри вести од Баку.
Tweet |