речник контакт

Двајца велешани со кривична за измама на стружанец, но нивните иницијали се јавуваат и за други дела во полициските билтени

Bo текот на месец август во домоот на двајцата велешани полицијата извршила претрес при што пронашла лажни банкноти, предмети налик на злато, стаклени топчиња налик на кристали..

Петар Печков

Двајца велешани А.С. (67 год) и Д.С. 42 (год) измамиле 88 годишен стружанец за што тамошната полиција им поднесе кривична пријава за кривичното дело „измама“.  

„На 6 август  во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им донесе денари за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен“ – соопштија од МВР.

Истите иницијали со иста возраст на две лица А.С. (67 год) и Д.С.(42 год) од Велес се појавуваат во билтенот на МВР  на 20 август, кога во нивниот дом бил извршен претрес, со обезбедена судска наредба.

„При претресот беа пронајдени и одземени повеќе лажни банкноти во евра со различни апоени, српски динари и повеќе златници со жолтеникава боја налик на злато, циркони, алка со циркони жолтеникава боја, алка синџир жолтеникава боја тркалезни топчиња налик на кристали повеке кутии за накит и мобилни телефони кои ги користеле за извршување на наведеното кривично дело“ - соопштија од МВР.

Овие активности биле  преземени за расчистување на две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителите се стекнале со противправна имотна корист од 5.500 евра.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »