речник контакт

Двајца велешани уапсени откако во одделни случаи краделе во домови на велешани

Кај двете лица пронајдени дел од украддените предмети

Петар Печков

Од полицискиот билтен за изминатото деноноќие 

На 28 октомври  во 21:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.А.(35 год) од Велес. Тој се сомничи дека од куќа во Велес, во која привремено престојувале две лица, одзел пари, телефони и други предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Ј.А. бил задржан во полициска станица.

На 29 октомври  во 04:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.Д.(25 год ) од Велес. Тој се сомничи дека од работилница во Велес одзел алати, а од домот на 28-годишен велешанец со употреба на сила одзел разни предмети. Дел од одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопствениците А.Д. бил задржан во полициска станица.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »