Петар Печков
Објавено: среда, 30 септември 2015
Двајца градежни работници се повредени денес, кога изведувале градежни работи во индустриската зона Караслари. Настанот се случил околу 11,20 часот кога врз двајцата работници паднала армирана плоча, која требало да се бетонира.
Веднаш била повикана итната медицинска помош, која повредени ги пренела во велешката Болница. Од таму информираа дека кај едното повредено лице констатирани се повреди на градинот кош и грбот, додека кај вториот имало повреди околу рамото.
Двајцата повредни работници според дежурниот доктор не се во животна опасност, едниот е здржан на лекување другиот е пуштен дома. Од СВР Велес го потврдија инцидентот. По него постапува надлежен Инспектор за заштита при работа. Градежните работи на изградбата на фабриката ги вршела велешката фирма ,,Делта пром,,.
Tweet |