Петар Печков
Објавено: среда, 02 септември 2020
Двајца ново заразени и двајца оздравени е билансот со здравствената состојба, предизвикана од корона вирусот. Во велешко денес има активни 29 случаи.
Двата нови случаи се од машки пол и двајцата биле хоспитализирани на Инфективно одделение, оти имале здравствени проблеми и таму ги чекале резултатите по земениот брис. Едниот од нив не може да посочи во епидемиолошката анкета од каде се заразил, додека вториот корона вирусот го добил од член на семејството - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Во велешко вкупно заразени досега биле 272 лица, оздравеле 229 и 14 лица починале.
На Инфективното одделение на велешка Болница има 17 лица хоспитализирани, 14 се потврдено позитивни, за две лица се чека резултата од земениот брис а еден пациент веќе ги добило резултати и бил негативен.
Tweet |