речник контакт

Двајца пациенти починати и 23 нови позитивни на ковид-19 во велешко

Падна бројот на загрижени пациенти во велешка Болница, позитивни или со проблеми од корона вирусот

Петар Печков

Нови 23 лица позитивни на ковид-19 од велешко, 22 оздравени, тоа е здравствениот биланс за изминатите 24 часа, кој го соопшти Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи е 368.

Црната листа на починати лица од последиците на корона вирусот се зголемува. Регистрирани се два нови случаи, пациентка од Велес лекувана во велешка Болницана 80 година возраст  и исто така жена од Велес на 76 години лекувана на скопските клиники. Со ова бројот на починати од велешко достигна до 247.  


Во трите ковид одделенија од Болницата  има хоспитализирано  44 пациенти, осум помалку од вчера.  Од нив 31  е позитивен потврдени со ПЦР тест, тројца се непотврдени и 10  негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„ Испишани како оздравени со по еден негативен тест се шестмина  пациенти.. На  континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение  се 16  пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има седуммина   и во Модуларната Болница има 21 пациент. Вкупно има слободни 56 кревети.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »