Петар Печков
Објавено: петок, 03 јуни 2011
Двајца кавадарчани загинаа, а двајца скопјани се тешко повредени во судир на два автомобила вчера на регионалниот пат Велес-Градско, соопшти МВР.
Несреќата се случила околу 14.00 часот кај местото викано Венуле, кога директно се судриле автомобили "југо" и "тојота".
Неофицијално, на самото место загинале возачот на "југото", Трајко Стојановски (79) и сопатничката Менче Делова (63), двајцата од Кавадарци.
Возачот на "тојотата" Ф.А.(18) и совозачот А.П.(21) со скршеници на градниот кош и на екстремитетите биле пренесени во болницата во Велес.Според дежурниот доктор д-р Митко Стровјанов, тие се вон животна опасност но поради сериозноста на повредите, скопјаните се префрлени на Клинички Центар .
Во сообраќајката која се случи пред седум дена,на влезот во Велес, од правец на Штип, вчера почина П.К. ( 44 год) од Иванковци, кој тога беше тешко е повреден и префрлен во Клинички центар Скопје,
Tweet |