Петар Печков
Објавено: петок, 12 ноември 2021
Во велешката Болница има двајца починати пациенти, како последица на корона вирусот. Починати се двајца мажи, едниот на 73 годишна возраст од Горно Оризари и вториот од Велес на 80 година возраст. Со ова бројката на починати во велешко е 238 лица.
Ист е бројот на ново заразени и оздравени изминатите 24 часа во велешко,по 11 лица, објавен од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 358 лица.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 56 пациенти. Потврдено позитивни се 37, непотврдени се пет и негативни се 14, но со потреба од продолжено лекување, потреба од кислородна поддршка.
„Ново примени се тројца пациенти, двајца на Инфективно одделение и еден во Моудларната Болница. Испишани како оздравени се двајца пациенти кои се оздравени си по еден негативен ПЦР тест. На континуирана кислородна поддршка се 23 пациенти. Извршен е еден трансфер на пациент на возраст од 46 години во клиниката „Жан Митрев“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение има згрижени 27 пациенти, во Интерното осум и во Модуларната Болница 21.
Tweet |