Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јануари 2019
Двајца скопјани, браќа, се осудени на условни казни затвор, затоа што од езерото Младост украле две пајки.
Седат и Лиридон Синани, делото го сториле на 4-ти мај, минатата година, околу 17,10 часот и тоа пред гостите кои биле на блиските угостителски тераси.
Според обвинението браќата Синани дошле со автомобил и од водите на езерото Младост, каде со дивечот, гуски, патки, стопанисува ловното друштво ,,Руен,, од Велес, украле две патки-глуварки. Тие ги земале со раце од водата, ги ставиле во багажникот од автомобилот и си заминале. Со ова сториле дело ,,незаконит лов,,.
Во Основен суд Велес им е изречена алтернативна казна затвор од три месеци, која ќе се изврши ако во следните 12 месеци Седат и Лиридон Синани сторат ново кривично дело.
Тие се осудени оти со Законот за ловство во времето кога го сториле делото 4-ти мај е време на ловостој, кој е утврден време во период од 1-ви Март до 31-ви јули.
Tweet |