Петар Печков
Објавено: четврток, 31 јануари 2019
Во два одвоени случаи, на две локации, независно еден од друг, пронајдени се починати двајца велешани, соопшти СВР Велес. Пронајдени биле два трупа – на 37-годишен маж и на 60-годишна жена во нивните станови. Врз телата немало траги на насилство.
Во неговиот дом во Велес на 28 јануари полицијата нашла труп на Г.Т. 37-годишен маж, на ул. ,,Хаџи Косте,,. Смртта ја констатирал и лекар на Итна медицинска помош од Велес. Увид на местото на настанот извршиле од СВР Велес и јавен обвинител.
Истиот ден 28 јануари, пак во 15.40 часот во СВР Велес било пријавено дека 60-годишната Л.Љ. од Велес била пронајдена почината во нејзиниот стан на улица „Алексо Демниевски“ во Велес. Смртта на починатата ја констатирал и лекар од Брза помош.
Увид на двете места извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.
Tweet |