речник контакт

Два дена возовите стоеја

Од попладнево железничкиот сообраќај нормализиран, штрајк на дел од машиновозачите

Петар Печков

Викендов велешани кои ги користат услугите на Македонски железници останаа  без патувањата. Поголем дел од патничките возови не тргнаа, па патниците нема превоз. Не возеа возовите од и кон Кочани и Гевгелија, а делумно од  и за Велес   и Битола.  Најмногу беа погодени пензионерите, кои секој втор викенд имаат  можност да се возат бесплатно.  

Залудно чекавме возовите да сообраќаат. Никој ни соопштуваше ниту знаеше што се случува. Возеа само тие за Битола, па така стасавме до дома, откако повеќе часови минавме на Железничка во Скопје -  велат патниците од Скопје.   Утрово (понеделник) слично минале и стотината вработени од Велес, кои ги користат услугите на МЖ за да стигната  на рабата во Скопје. Дошол само возот од Битола. Попладнево сообраќајот бил нормализиран. 

Штрајкуваа дел од машиновозачите кои бараа надоместок за минат километар, што им следи согласно правилникот.  Не беше синдикално барање од некој синдикат – велат упатени во железница. Попладнево откако тоа им било исплатено, железничкиот сообраќај е нормализиран. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »