речник контакт

Два нови случаи со ковид-19 во Велес, повторно еден увезен од Штип и еден оздравен

Во градот има 22 активни случаи на лица со корона вирус

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два нови случаи со ковид-19 во Велес. Има и еден оздравен. Во Велес има 22 активни случаи лица заразени со корона вирус.  Досега во велешко  вкупно заразени се 227 лица, оздравени се 192, починати се 13.

Двете лица беа веќе згрижени на Инфективно одделение од велешка Болница, со симптоми. Едната е пациентка вработена од текстилна фабрика од Штип додека вториот е маж, кој не може да каже од кого или каде се заразил.  Има и еден оздравен, маж кој бил на домашно лекување со   два последователно негативни теста - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Од активните случаи во Велес, на домашно лекување се 19 лица, на Инфективно одделение  тројца велешани.

На Инфективното одделение сместени се 16 пациенти, 14 се потврдено позитивни а за двајца се чекаат резултати - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »