Петар Печков
Објавено: вторник, 23 јуни 2020
Во велешко денес има два нови случаи на позитивни со ковид -19 а има и еден оздравен, информираа од Министерство за здравство. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 33 лица.
Имаме еден случај од Горно Оризари кој е од непознат кластер, не може преку епидемиолошката анкета да се дознае како се заразил. Има и позитивен случај на велешанец кој се заразил од член на семејството - изјавија од Центарот за јавно здравје.
Досега во велешко има 169 лица со корона вирусот, 125 се оздравени и 11 починати. 14 биле на заразно одделение плус 4 кои биле од Повардарјето, 14 во домашен карантин, три биле во Инфективна клиника, еден во ГОБ 8- ми септември, еден во државен карантин еден на приватно лекување, во приватна клиника. На Инфективното одделение во велешката Болница има 18 пациенти, од нив 16 биле потврдено позитивни.
Tweet |