речник контакт

Двегодишно дете се удавило во канал за наводнување кај Градско

Родителите на детето, кои биле од населба Шуто Оризари, престојувале во Долно Чичево, заради берба на грозје

Петар Печков

Двегодишно дете се удавило во близина на Градско. Настанот се случил вечеравечер. Родителите на детето, кои биле од населба Шуто Оризари, престојувале во Долно Чичево, заради берба на грозје.


Четвртокот навечер,  3-ти септември,  околу 20 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Рамниште“, атар на село Долно Чичево, општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од нас.Шуто Оризари, Скопје. Лекар од Градско костатирал смрт без траги на насилство - информираше Верољуб Додески, протпарол на СВР Велес.  

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот, по што ќе биде познато како детето заврешило во отворениот канал на водостопанство  Тиквешко поле  Макарија, кој бил широк 3 а длабок 1,5 м и полн со вода.

 фото википедија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »