речник контакт

Двете женски одбојкарски екипи елиминирани од Купот

Екипите на ОК Борец и ОК Виола волеј загубија во гости, од прволигаши со максимални 3:0

Петар Печков

Двете велешки женски одбојкарски екипи ги завршија натпреварите во Купот во 1/8 финалето. Загубија во гости од прволигаши со максимално 3:0. ОК Борец од бранителот ОК Наковски волеј во Струмица (11,19,18) а ОК Виола волеј од ОК Газела волеј (15,7,7) во Скопје.  Со ова се елиминирани од натамошните натпревари.

Двете велешки екипи кои настапуваат во Втората лига, во 1/16 победија против  противници со нивен квалитет. 

Машката екипа на ГОК Борец директно се пласираше во четвртфиналето, каде во полудиригиран ждрепка  ќе игра дома со некоја од следните екипи ОК Сушево, ОК Тетово Универзитет, ОК Шкендија, ОК Лирија.

Дербито на петтото коло во разигрувањето, ОК Борец го игра понедленик против третопласираната ОК Струмица во 19,30ч. во салата Гемиџии со пренос на МРТ 3. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »