Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јуни 2021
На годинашниот меѓународен фестивал на мондорама, кој од вечерва почнува во Битола, учестуваат и две претстави на велешки театар.
Селекторот, актерот Петар Мирчевски избра 11 претстави, меѓу нив и „Петтото годишно време“ во режија на Васил Зафирчев а настапува Олга Панго. Претставата е работена по текст на Сашо Димоски, кој за ова дело, во 2016-тата година го доби Рациновото признание.
Во програмата е вклучена и монодрамата „Исмена“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова, во изведба на актерката Моника Ставревска, музиката во живо ја исполнува Сашко Костов.
Претседател на жири комисијата е Весна Петрушевска, членови се Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски режисер од Битолскиот театар. Ќе се доделат награди за најдобар актер, најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30.000 денари, како и награда од публиката.
Монодрамата „Петтото годишно време“ на програмaта е за четврток во 20 ч, додека „Исмена“ е најавена за петок со почеток во 22ч. Фестивалот завршува в недела со доделувањето на наградите.
Tweet |