речник контакт

Две години затвор за директорот на велешкиот музеј

Монетите биле тетрадрахми од времето на Александар Македонски, изработени во вавилонските ковници. Дел од збирката која се подготвувала за изложба. Костов изрази жалење за стореното дело

Петар Печков

Петре Костов директор на велешкиот музеј ќе одлежи две години затвор затоа што украде две вредни монети од нумизматичката збирка на оваа културна институција.. Во основниот суд во Велес тој беше прогласен за виновен за  кривичното дело  ,, тешка кражба ,,. 

Во период од две седмици  летово, додека вработената била на семинар во странство, Костов  од збирката, која се подготвувала за изложба одзел две тетра драхми, од времето на Александар Македонски, изработени во вавилонските ковници.  Обвинетиот   го призна делото и изрази жалење за стореното.

Знам дека згрешив, казната што ќе ја добијам ќе ја одлежам.  Жалам што му нанесов срам на моето семејство и на колегите од работа. Се каам за стореното – изјави Костов, кој е дипломиран археолог.

Случајот беше пријавен на 16 јули годинава, при што освен двете  монети ,,тетрадрахми,,  од времето на Александар Македонски била украдена и белегзија, сопственост на вработената  која ги чувала заедно во сефот. Полицијата го откри сторителот откако на сефот каде биле сместени артефактите, пронашла отисоци на Костов. Тој по откривањето дека е крадецот,  ги вратил двете тетрадрахми.

При кражбата директорот ја отклучил вратата од вработената која тогаш била службено  отсутна, па го отклучил бирото каде бил сефот, за на крај да го отвори и него и од таму да ги земе двете монети и си ги однесе дома. Александар Гулевски бранителот на Костов побара поблага казна, оти тој иако можел не ги отуѓил монетите, не остварил материјална корист.

  Костов имал далеку повредни предмети во неговата канцеларија и не ги присвоил. Ова било момент на слабост – изјави Гулевски. Костов  е пуштен од  притвор, но има обврска да не го напушта градот и да се пријавува во Основниот суд во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »