Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2014
Две години затвор доби Дејан Димитриевиќ (34 год) од неготинското село Пепелиште за кршење на гласачка кутија. Тој во Основниот суд во Велес беше прогласен за виновен за сторено кривично дело ,, Спречување избори,,.
Димитриевиќ според обвинението за време на претседателските избори, прв круг на 13 април, во 17 часот и 10 минути влегол на избирачко место 1234 во Криволак, ја искршил гласачката кутија. Откако бил приведен од полицијата, бил извршен алкотест и кај него е измерено високо присуство на алкохол, дури од 3 промили.
Димитриевиќ го призна делото пред судот и изрази каење. За стореното тој доби ефективна казна затвор од две години а укинат му е притворот.
Tweet |