речник контакт

Две години затвор за сообраќајка со еден починат

Перковски имал алкохол во крвта и не држел страна при движење

Петар Печков

 Велешанецот   Љупче  Перковски ( 38год) викан Циле доби две години затвор за сообраќајка која се случи пред три години и во која имаше еден починат и двајца тешко повредени.  

Tој ја призна вината за кривичното дело ,,тешки дела против  безбедноста на луѓето,, по  што во Основниот суд во Велес  му беше изречена казна затор од една година  и забрана за управување од една година.

Според обвинението сообраќајната несреќа се случила на  10 ноември 2013-та,  во 19.55ч. кога автомобил  опел кадет со битолски регистарски  таблички  управувано од Перковски излетал од патот. Тој возел  на регионалниот пат, во правец од Градско кон Велес и  кај месноста викана  Шарен мост, со брзина од 78 км. удрил во  бехатонски дел од оградата. Обвинетиот   не држел страна на движење, брзината не ја приспособил на условите  на патот,  при дождлив ден и лизгав коловоз, со еден промил   алкохол во крвта, по што се случила сообраќајката.

Во неа  почина  Мијалче Стојанов  од Велес од здобиени повреди, неговата сопруга и синот се здобија со тешки повреди - скршеници. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »